ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ДЕЈВИД ГИР: Грчкиот дипломат Михалис Рокас e новиот амбасадор на ЕУ во земјава
Грчкиот дипломат Михалис Рокас од денес е новиот амбасадор на Eвропската Унија(ЕУ) во земјава.
Рокас од денес ја презема функцијата на амбасадор на Европската Унија (ЕУ), соопштува Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Пред сегашната функција, Рокас ја извршуваше функцијата амбасадор на ЕУ во Малезија. Тој е роден во септември 1964 година во Атина, со 26-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година.
Рокас има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Мајчин јазик му е грчкиот, а зборува англиски, француски и германски јазик.
Слично
