Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од денес дожд и снег во Македонија

ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од денес дожд и снег во Македонија

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитаранот кои ќе бидат во склоп со продор на поладен воздух од север од денес попладне па во деновите потоа во Македонија времето ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. На планините пак над 1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и очекувам формирање на снежна покривка, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од североисточен правец  и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Токму ова ќе услови намалување на маглата  и на загаденоста по котлините.

Во Скопје  и околината од денес попладне па во деновите потоа времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд а на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа  и од североисточен правец  и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.  Во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушта до околу 1/2 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 7 степени“, вели тој.


Слично

Поврзани вести