Доаѓа генералниот секретар на НАТО, Скопје утре под посебен сообраќаен режим
Утре во официјална посета на Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. по што Министерството за внатрешни работи најави посебен сообраќаен режим.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
„СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, се огласија од МВР.
Слично
