До Владата преку дупки и кал, паркинг место нема
Ако сакате да стигнете до задниот влез на зградата на Владата ќе одите по кал и вирови.
Улицата која води од булеварот Климент Охридски во делот кај Владата до кејот на реката Вардар е без асфалт, полна со дупки, кои при секој дожд се полни со вода, а онаму каде што нема дупки се оди по кал. Плочките со кои бил поплочен овој простор се извадени и со години никој не го уредува просторот. Преку ден просторот е блокиран од возила на вработени во Владата оти паркирањето тука е беплатно.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека просторот кај Владата не се чепка оти тука ќе минува улицата за тунелите под Кале кои тој најавува дека ќе ги гради. Тунелите под Кале нема да почнат да се градат уште најмалку една година, а дотогаш простор ќе остане неуреден.
извор и фото: СДК
