Економија, финансии, бизнис

Контакт

До темел изгоре помошен објект во Делчево

До темел изгоре помошен објект во Делчево

Во пожар синоќа во населбата Први реон во Делчево целосно изгоре помошен објект за чување стока. 

Од штипската полиција информираат дека пожарот е пријавен во 20 часот, а бил зафатен објект за чување стока на месноста Плоскави скали во Делчево.

Од ТППЕ Делчево велат дека пожарот бил целосно изгаснат во 23 часот. Огнот е ставен под контрола со шест пожарникари и три специјални противпожарни возила. Во пожарот причинета е само материјална штета. 



Слично

Поврзани вести