Економија, финансии, бизнис

Контакт

До полноќ Македонија треба да добие нова Влада

До полноќ Македонија треба да добие нова Влада

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја продолжи седницата за избор на новата Влада.

Расправата почна вчера, откако мандатарот Зоран Заев ја образложи владината ­програма. Предлог ­составот на новата Влада и нејзината програма е единствена точка на дневниот ред на втората седница на Собранието на Република Македонија. 

Владата треба да биде избрана два дена по почнувањето на седницата, односно најдоцна денеска на полноќ. За избор на нова Влада треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Во новата Влада, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници. 

Вчера имаше низа забелешки за кадрите кои треба да седнат во министерските фотелји. 

Спикерот Талат Џафери на оние кои му се обраќаа како на колега, им одговараше на албански јазик, затоа што вели дека законот тоа го дозволува. 

Слично

Поврзани вести