Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО ПЕТОК ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ: Заради делта сојот Филипче најави евентуални мерки на границите

ДО ПЕТОК ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ: Заради делта сојот Филипче најави евентуални мерки на границите

До крајот на неделава, членовите на Комисијата за заразни болести ќе дискутираат дали сегашната состојба бара воведување некакви рестриктивни мерки, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Поради детектирањето на делта варијанта кај неколку случаи министерот истакна дека можно е воведување мерки на границите при влез во Северна Македонија.

-Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, рече Филипче.

Според него, логично е да се очекува дека новиот сој побрзо ќе се шири, но доколку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен колективен имунитет, колку и да е позаразен, нема да се повтори  сликата со претходниот британски сој и тогашниот силен бран. 


Слично

Поврзани вести