Економија, финансии, бизнис

Контакт

До Нова Година се очекува повторно намалување на каматите на заштедите

До Нова Година се очекува повторно намалување на каматите на заштедите
Како резултат на ликвидноста на банките, која годинава се зголемила само за еден процент, до крајот на годинава може да се очекува уште едно намалување на каматите на штедните влогови, најави денеска претседателот на Здружението на банкарство, Ѓорѓи Јанчевски, на пресконференција во Стопанската комора на Македонија. На намалување на каматите влијае и политиката на Народната банка на Македонија (НБРМ) со која постојано се намалува референтната каматна стапка и каматната стапка на благајничките записи. Како што појасни Јанчевски, падот на каматите на девизните депозити е резултат и на трендот на пад на каматите во странство, каде што референтната стапка на Европската централна банка изнесува 0,5 проценти. Годинава, како што тој, забележан е пораст и на кредитирањето, кај населението за 6 проценти, а кај претпријатијата за еден отсто. И годинава продолжил трендот на нефункционалните кредити кај банките. За девет месеци лошите кредитите пораснале за 11, 5 отсто.
Слично

Поврзани вести