ДО МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ СЕ АПЕЛИРА ДА ГИ ПРЕГЛЕДУВААТ БОЛНИТЕ СО ПОЛЕСНА КЛИНИЧКА СЛИКА - во струмичката болница има 50 пациенти
Во струмичката болница се лекуваат 50 пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет и три нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта.
„Капацитетот на Инфективното одделение речиси е исполнет, но заради заминувањето и доаѓањето на нови пациенти успешно го менаџираме лекувањето. Имаме голем наплив од пациенти во дневната болница за преглед и затоа апелирам до матичните лекари да ги прегледуваат тие со полесна слика и да им препишуваат терапија“, рече директорката д-р Катерина Кузмановска за МИА.
Додаде дека на Инфективното одделение има уште неколку слободни кревети, а доколку има потреба повторно ќе биде отворена модуларната болница, во која има 34 легла и таа би се користела како дневна болница.
Од пациентите кои се на лекување поголем дел се на кислородна поддршка, а многу голем дел од нив се невакцинирани.
Слично
