До крајот на неделава ќе се офајдат сите скенирачи на фискални сметки
Дел од граѓаните кои скенираа сметки се израдуваа на првиот поврат од ДДВ, а сите оние кои скенираа а на сметките сеуште не добиле пари, ќе се офајдат до крајот на неделава.
Од УЈП за медиумите велат дека до петок на сите скенирачи на фискални сметки ќе им легне повратот на ДДВ.
Напоменуваме дека тоа важи за сите оние кои скенирале фискални од јули до септември, значи за првото тримесечие.
22,670,713 фискални сметки се скенирани во првиот квартал додека повратот од 15 отсто е во висина од 186,215,194 денари.
*
Читајте и за оваа поврзана тема ...
Колку изнесува најмалата, а колку највредната награда од наградната игра со скенирање фискали сметки
Слично
