До крајот на неделата ќе се знае дали ќе има рестрикции за одредени општини
Се прават анкети на членови на СДСМ, се бараат нивните контакти, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Се прават анкети, анализи, тестови, и вели дека работите не се излезени од контрола.
Одлуки за евентуални рестриктивни мерки би имало до крајот на оваа недела, и тоа за дел од скопските општини и дел од Штип, каде има голем број заразени.
„Во следните неколку дена треба да дискутираме за ова, а при тоа да ги следиме бројките, и сметам дека не треба да носиме избрзани одлуки“; вели Филипче за отворање на границите.
Тој за отворање на границите зборувал со бугарскиот колега, но рече дека не е коректно и за соседите да брзаме.
Заразените се од познати кластери.Во Штип се работело за пет конфекции, кои вработуваат околу 600 вработени и таму се појавија инфицирани.
Слично
