Економија, финансии, бизнис

Контакт

До крајот на месецот Владата ќе знае дали и кога ќе ги обештети охриѓани од земјотресот

До крајот на месецот Владата ќе знае дали и кога ќе ги обештети охриѓани од земјотресот

Иако силниот земјотрес од 5,1 степен според рихтер го удри Охрид уште минатото лето, Владата се уште нема донесено одлука дали и во колкав процент ќе ги обештети охриѓани кои претпреа големи штети на нивните домови. Од владината прес служба информираат дека се ќе биде познато до крајот на месецов.

„Републичката комисија за проценка на висина на штети од елементарни непогоди е формирана кон крајот на јануари годинава. Комисијата го добила и го разгледала барањето за обесштета на општинската комисија од Охрид. За одлуката Републичката комисија се очекува до крајот на овој месец да ја извести и Владата и општината Охрид“, изјави Миле Бошњаковски, Портпарол на Владата

Од Општинската комисија за проценка на штети во Охрид се оптимисти дека некакво обештетување ќе има.

„Стапив во контакт со претседателката односно таа ми се јави. Бараа уште една табела за категоризација на објектите односно колку е оштетувањето од прва, втора, трета и четврта категорија. Тоа е испратено и во најкратко време за недела – две ќе почне исплата“, вели Раде Вељановски-општинска комисија за проценка на штети


Слично

Поврзани вести