До крајот на летото Супер Скопје ја продолжува фестивалската атмосфера
Во наредните четири викенди граѓаните на Скопје и туристите ќе имаат можност да присуствуваат на голем број на концерти на познати музички изведувачи, бендови и диџеи од Македонија и регионот, кои ќе бидат дел од фестивалскиот проект Супер Скопје.
Забавната манифестација ќе се одржува на различни локации во главниот град, а отворањето на музичката програма е предвидено за во петок, со настапот на Сергеј Четковиќ.
Дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на Супер Скопје очекуваат одлична забава.
Од Град Скопје соопштија дека за викендите кога ќе се одвива манифестацијата, ќе биде продолжено работното време на угостителските објекти. За целата организација градот ќе потроши околу седум милиони денари.
Слично
