До крајот на јануари ќе биде донесена методологијата за попис
Do крајот на јануари ќе биде донесена методологијата за спроведување на пописот, објави Заводот за статистика. Од таму велат дека попишувањето со отисок од прст е невозможно, бидејќи станува збор за класифициран податок од МВР.
- Методологијата за спроведување на пописот ќе биде подзаконски акт кој ќе биде јавно објавен и ќе може да го видат сите, изјави Апостол Симовски, директорот на заводот.
За ВМРО-ДПМНЕ е нејасно зошто не се објавува методологијата на попишување во предлог-законот за попис и зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст
Од СДСМ пак денеска реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ само сака да го одложи пописот и да го злоупотреби за дневно-политички поени.
Предлог-законот за попис е ставен на дневен ред на 18 јануари на седница во Собранието.
