Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ 2,5 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ: „Торлак“ досега произведе 1,5 милиони дози од вакцината Спутник V

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ 2,5 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ: „Торлак“ досега произведе 1,5 милиони дози од вакцината Спутник V

Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија, заедно со руските партнери, досега произведе 1,5 милиони дози од компонентите на вакцината „Спутник V“ еден и два, изјави директорката на тој институт Вера Стоиљковиќ.

Таа посочи дека „Торлак“ заедно со државата, Владата и Министерството со големи напори успеале да произведат вакцина против Ковид.

- Самиот факт што мал број фармацевтски компании и воопшто државата успеаја да ја произведат оваа вакцина, и дава значење и на нашата куќа и на нашата земја. Согласно договорот што го потпишавме со руската страна, до крајот на годинава ќе произведат уште 2,5 милиони дози компоненти еден и два. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи, вакцината е одлична, ефикасна, квалитетна, безбедна и навистина од се срце ја препорачуваме за вакцинација - рече Стоиљковиќ за РТС, пренесува Танјуг.

Покрај вакцината против корона вирусот, „Торлак“ непосредно пред сезоната ја дистрибуираше својата тривалентна вакцина против грип, така што на граѓаните на Србија им се достапни 200.000 дози.

ФОТО: YouTube Print screen

Слично

Поврзани вести