До крајот на декември забранети летовите од Велика Британија и Северна Ирска кон Македонија
Доцна синоќа, Владата и официјано на седницата ја донесе одлуката за забрана на сите авионски летови од Велика
Британија и од Северна Ирска во Македонија, а ваквата забрана ќе важи до крајот на годинава. Одлуката што ја усвои Владата е по препорака на Комисијата за заразни болести откако во Велика Британија е регистрирана нова многу позаразна мутација на корона вирусот.
-Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои
влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна
Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во
Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14
дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на
сместување, се наведува во владиното соопштение.
