Економија, финансии, бизнис

Контакт

До крајот на 2020 година ќе се воведе државна социјална пензија

До крајот на 2020 година ќе се воведе државна социјална пензија

Државна социјална пензија ќе биде воведена до крајот на 2020 година. Од Министерството за труд и социјална политика  велат дека засега работат на анализа, при што треба да се дефинира кој ќе може да ја добива ваквата пензија, а потоа ќе се утврди и износот. 

Станува збор за лица кои имаат над 65 години возраст, но немаат 15 години стаж. 

Државната социјална пензија е ветување од предизборната кампања и е ставено во владината програма. Се предвидува државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело во Македонија и не ги остварува условите за старосна пензија. При тоа во изборната програма на владејачката партија е наведено дека, износот на државната социјлана пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија.

Слично

Поврзани вести