Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска сончево и топло: Викендов се очекува дожд

Денеска сончево и топло: Викендов се очекува дожд

За последниот работен ден од неделава синоптичарите предвидуваат сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Дневните температури на воздухот и денеска ќе бидат високи и ќе се движат од 28 до 38 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде на југоистокот од земјава.

Според управата за хидрометеоролошки работи за време на викендот и во почетокот на идната недела во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Но според, метеоролозите викендот и покрај најавениот дожд ќе има повторно високи температури до 37, односно 38 степен целзиусов.

Врнежи од дожд и грмежи се најавени и за почетокот на наредната недела.


Слично

Поврзани вести