ДО КОГА ЌЕ ТРАЕ САГАТА СО „МОНСТРУМ“: Што открија вештаци од крим техника на рочиштето
Вистинска сага со случајот кој пред 6 ипол години ги однесе во смрт Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Борче Стевковски точно на Велики Четврток, додека ловеа риба кај Смилковското езеро.
Петкратното убиство кај Смилковско езеро продолжува со исказите на вешаците од крим техниката на МВР. Тие на минатото рочиште кажаа дека кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол а бидејќи не биле повикани на местото на убиството материјалот им бил доставен по регуларен пат за анализа во лабараториски услови.
Доживотна казна затвор за тероризам за Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута – донесе првично Основниот суд Скопје 1 со првостепената пресуда . Единствено петтоoбвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.
Меѓутоа, случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство а осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири лани беа пуштени од притвор и добија мерки за претпазливост.
Предметот во моментов е во доказна постапка.
