ДО КОГА ЌЕ СТРАДААТ ПЕШАЦИ НА ПЕШАЧКИ: Граѓани бараат Марин да стави семафори на булеварот Србија
Нула сообраќајна култура. Пешачките премини како да не постојат а пешаците кои ги преминуваат како да не постојат.
Ова е факт кој лесно се поткрепува ако се земе предвид дека синоќа на Булеварот Србија на пешачки премин на 50 метри од полициската станица во Аеродром се прегазени баба, дедо и внуче.
Невнимателен кон бил возач кој управувал комби со велешки таблички а жртвите веднаш биле пренесени на Ургентниот центар каде се борат за својот живот.
Засега нема детали од МВР како возачот ги удрил бабата, дедото и тригодишното детенце кое според очевидците било вадено од под возилото. Не е познато дали возачот изгубил контрола, не ги забележал пешаците или пак бил под дејство на алкохол, бидејќи се чека официјално од билтенот на полицијата.
Досега граѓните на оваа скопска населба многу пати преку петиции бараа да се постават семафори на овој пешачки премин а по немилиот настан го прозваа и градоначалникот Марин и го повикаа веднаш да преземе акција и да се регулира со семафори тој пешачки премин бидејќи многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно.
