До кога ќе ни умираат бебиња на Клиниките а никој нема да биде одговорен?
Уште една ужасна вест одекна од Клиниката за гинкологија при клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.
Четири мајки ги изгубија бебињата кои пред девет дена починале во иста вечер.
Комисија за стручен надзор со извештајот денеска констатира дека во сите четири случаи немало лекарска грешка.
Од Министерството за здравство соопштија дека докторката која таа вечер била дежурна е суспендирана, а комисија го истражува случајот.
Од нивниот заклучок денеска станува јасно дека сите родилки имале високоризични бремености и завршиле со предвремено комплицирано породување.
„Едно од бебињата било родено во 25 недела со екстремно мала родилна тежина. Починало во првите 24 часа. Друго се родило во 27-та недела, и повеќе од еден месец било на апарат за вештачко дишење, во исклучително тешка здравствена состојба. Неколку дена за живот се бореле и бебињата родени во 29-та недела. Една од мајките во текот на бременост се справувала со инфекција и со висок крвен притисок“, пишува во извештајот на Комисијата.
Минатиот месец пак за нецели две недели починаа седум деца, од нив четири месечно бебе и новороденче починаа на клиниката во Скопје.
Оттука се поставува прашањето: До кога ќе ни умираат новороденчиња на клиниките ширум државата без никој да преземе одговорност?
Со суспендирање директори проблеми не се решаваат.
Од надлежното министерство наведуваат дека работат на стратегија за подобрување на состојбата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како и во сите породилишта во земјава.
Колку време ќе треба за таква статегија?
