„ДО КОГА ЌЕ НЀ ГАЗИТЕ, ОВА Е БЕЗЗАКОНИЕ, НЕКУЛТУРА ШТО УБИВА“ - сестрата на Фросина по вчерашната нова сообраќајка
Сестрата на неодамна починатата во тешката сообраќајна несреќа, Фросина Кулакова, Росица, по веста за вчера прегазената 25 годишна девојка од Битола, се огласи со статус на социјалната мрежа фејсбук.
„До кога ќе не газите?!
До кога од улиците ќе правите гробишта? До кога ќе броиме жртви, ќе палиме свеќи, ќе плачеме над изгаснатите младости?
Се уште одекнува болката од загубата на мојата сестра… а синоќа уште една жртва. Колку уште? Колку животи треба да бидат згаснати или засекогаш променети конечно нешто да се промени?
Ова не е судбина. Ова не е несреќа. Ова е беззаконие, немарност, некултура што убива! Колку уште крв треба да се пролее пред да кажеме ДОСТА Е?!
Со лесно на повреденото девојче, нека закрепне што побрзо
Слично
