До кога ќе имаме дожд?
Продолжува променливото време. Дожд, облаци, тмурно време, но и сонце, ова е сликата за денеска во Македонија според УХМР.
За денешниот 28 мај според синоптичарите не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се движат во интервал од 17 до 29 степени целзиусови. Најтопло и денес ќе биде во југоисточниот дел од земјата.
Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува облачноста да се зголеми и да има врнежи од дожд. Максималните температури на воздухот во главниот град ќе се искачат до 27 степен.
Управата за хидрометеоролошки работи ги информира граѓаните дека следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во петок и за време на викендот.
