Економија, финансии, бизнис

Контакт

До кога Иванов нема да го потпишува указот за Законот за јазици?

До кога Иванов нема да го потпишува указот за Законот за јазици?

Законот за јазици сѐ уште талка во место. Од ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за одлуката на Претседателот да не го потпишува указот за објавување во Службен веснинк и и порачаа на власта да не помислува да гази преку институцијата Претседател бидејќи за тоа кривично ќе одговара

СДСМ пак, со критики кон ВМРО ДПМНЕ.

„Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници што е во согласност со концептот на едно општество.

Ѓорге Иванов е должен да постапува според Уставот и членот 75 од Уставот и е должен да го потпише Указот за Законот за употреба на јазиците.

Ниту Иванов, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над Уставот и нема да успеат да внесат нови поделби во општеството. Македонија избра да оди напред како едно општество за сите граѓани“ – стои во писмената реакција на СДСМ

 Согласно Уставот, претседателот на државата е должен да го стави својот потпис но при тоа не е наведено во кој рок мора да го направи тоа. Ваквата ситуација му остава простор на Иванов, Законот за јазиците да го држи во џеб на неодредено време и практично да го блокира неговото стапување на сила.


Слично

Поврзани вести