До каде се подготовките за изборите?
Државната изборна комисија е подготвена за локалните избори. Усвоен е прирачникот за работа на општинските комисии, изјави денеска Субхи Јакупи од ДИК.
Подготвени сме да спроведеме избори согласно Изборниот законик и другите законски акти, вели тој.
„Ние овие два месеца се фокусиравме на усвојување на најважните акти за да бидеме подготвени за локалните избори. Денеска на дневен ред е усвојувањето на прирачници за општинските изборни комисии и избирачките одбори“ - изјави Јакупи.
Посебниот избирачки список не е во сила, имаше важност до последните парламентарни избори, соопшти комисијата.
Изборите ќе чинат 6.5 милиони евра. Изборите ќе се одржат на 15 октомври.
Слично
