Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО КАДЕ ОДИ ПОЛИТИЧКАТА ПРАГМА - можна коалиција, едно извинување и ќе заборави раскрварената глава

ДО КАДЕ ОДИ ПОЛИТИЧКАТА ПРАГМА - можна коалиција, едно извинување и ќе заборави раскрварената глава

До каже може да оди политичката прагма и желбата за освојување на дел од владиниот колач.

Веројатно многумина од нас ја паметат раскрварената глава на Зијадин Села за време на упадот во Собранието на 27 април.

Многумина добро се сеќаваат и како тој во следните неколку дена се бореше за живот.

Но сега е можно да има коалиција токму меѓу партијата на Села и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која беше инволвирана на настаните од 27 април. Доволно е едно извинување.

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, вчера вечерта во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно се извинил за 27 април, и дека тоа е голема порака.

Таравари рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20 отсто од населението. Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20 отсто.

Таравари откри детали од разговорите за можна коалиција. Според Таравари, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наводно, се извинил за настаните на 27 април 2017 година, кога лидерот на Алијансата Зијадин Села беше најтешко повредениот пратеник во насилствата во парламентот.

На „маса“, наводно, се нашол и Законот за јазици, кој во почетокот на 2017 година беше дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, а на кој ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше

Таравари изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно се извинил за 27 април и дека тоа е голема порака.

Слично

Поврзани вести