До каде е изработката на бесплатни елаборати за поплавените?
Бесплатни елаборати ќе добијат жителите на поплавените подрачја.
Агенцијата за катастар од денеска почнува да ги изработува бесплатните геодетски елаборати за жителите на поплавените населени места во скопско.
Оние граѓани кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект до надлежната општина, а немаат доставено геодетски елаборат од први септември можеа да се јават во инфоцентарот на Агенцијата за катастар на недвижности.
Сите пријавени ги посетија екипи на Агенцијата за катастар на недвижности со цел изготвување бесплатен геодетски елаборат.
Оваа мерка е една од пакет мерките на Владата за помош на граѓаните од поплавените подрачја. На овој начин ќе им се помогне на оние кои поднеле барање за легализација на дивоградба.
