До каде е екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски?
Барањето за екстрадиција на Горан Грујевски, поранешен шеф на Петтата управа и на Никола Бошкоски од УБК, е во раце на обвинител во Солун. Неколку дена ги разгледува обвиненијата, преиспитува докази и утврдува за што сè ги бара македонската правда да им суди. Од грчкиот Комитет за меѓународна судска соработка, за тв 24 потврдија дека документацијата веќе ја разгледува надлежен орган. Дали и кога ќе бидат екстрадирани двајцата разузнавачи кои Македонија ги бара за да ги суди за аферата прислушување, ќе одлучува надлежниот обвинител, објави 24 Вести.
„Ги примивме документите пред неколку дена и тие од кај нас се препратени на обвинител во Солун, но повеќе информации околу одлучувањето не може да ви дадеме“- велат од Комитет за меѓународна судска соработка.
Во меѓувреме, тие ги поминуваат деновите во истражен затвор близу Солун каде што одлежуваат екстрадициски притвор и чекаат таму на први декември да им се суди за користење на лажните бугарски пасоши.
