Економија, финансии, бизнис

Контакт

До јуни под концесија одат две автопатски делници – еве кои!

До јуни под концесија одат две автопатски делници – еве кои!
До почетокот на јуни ќе биде распишан  повик за концесионер на автопатските делници Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце, очекува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Физибилити студијата е веќе подготвена, а Јанакиески очекува Меѓународната финансиска институција ИФЦ, со чија соработка ќе се реализира проектот, да анимира што повеќе потенцијални концесионери. „Нашата цел е до мај ИФЦ да направи повеќе роуд шоа, да анимира повеќе можни потенцијални концесионери и финансиски институции и очекуваме кон крајот на мај или почетокот на јуни да распишеме повик за пронаоѓање концесионер за патната делница од Гостивар до Кичево, како еден пакет, а вториот пакет е од Скопје до Блаце“, изјави Јанкиески. Според него, изградбата на делницата од Приштина кон Скопје за која косовските власти треба да склучат договор најдоцна до март, ќе ја направи делницата Скопје - Блаце уште поатрактивна за концесионерите. Јанакиески во Тирана се сретна со министерот за транспорт на Косово, кој го информирал дека веќе е избрана градежна компанија која ќе го гради автопатот Скопје-Приштина и во тек е уште фазата на жалба.
Слично

Поврзани вести