Економија, финансии, бизнис

Контакт

До јули ќе бидат решени преговорите со Грција

До јули ќе бидат решени преговорите со Грција

Премиерот Зоран Заев се надева дека до Самитот на НАТО во јули ќе се пронајде решение за спорот со Грција околу уставното име на земјава.

Во интервју за австриската радиостаница ОРФ, што го пренесува Ројтерс, Заев изјави: „Верувам дека ќе успееме успешно да ги завршиме преговорите до самитот на НАТО во јули.“

Премиерот нагласува дека влезот на Македонија во НАТО е повеќе од извесен, доколку се пронајде решение за спорот.

„Имаме автоматска покана, што значи дека членките на НАТО ќе почнат со ратификација на нашето пристапување, откако ние и Грција ќе најавиме дека спорот е решен“, додаде Заев.

Самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули во Брисел

Слично

Поврзани вести