Економија, финансии, бизнис

Контакт

До денеска извадени 4.500 артилериски гранати од под стадионот во Битола, се очекува бројката да оди до 10.000

До денеска извадени 4.500 артилериски гранати од под стадионот во Битола, се очекува бројката да оди до 10.000

Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола до денеска неутрализираше 4.500 неактивирани артилериски гранати кои сензационално беа пронајдени под стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола на кој настапува фудбалскиот клуб Пелистер.

Од дирекцијата велат дека продлжуваат со подигнување на пронајдените артилериски гранати од првата светска војна, а се очекува таа бројка да се искачи и до 10.000, објави ТВ ТЕРА.

Во возилото со кое се врши транспортот се пренесуваат од 150 до 170 гранати, а депонирањето е во магацинот на дирекцијата.

Акцијата се спроведува во присуство на медицинска екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници.


Слично

Поврзани вести