Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО ДЕНЕШЕН ДЕН НЕМА ОДГОВОР КОЈ Е СЦЕНАРИСТОТ, А КОЈ РЕЖИСЕРОТ - кумановскиот градоначалник Димитриевски за осумгодишнината од ужасот во Диво Насеље

ДО ДЕНЕШЕН ДЕН НЕМА ОДГОВОР КОЈ Е СЦЕНАРИСТОТ, А КОЈ РЕЖИСЕРОТ - кумановскиот градоначалник Димитриевски за осумгодишнината од ужасот во Диво Насеље

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, преку фејсбук статус реагираше дека и по осум години од ужасот во кумановската населба Диво Насеље, сеуште јавноста не гио доби одговорите кој го осмислил, и кој бил режисер на тој настан.
„До денешен ден и после 8 години за жал нема одговор на прашањето кој е сценаристот, а кој е режисерот на настаните во Диво Насеље во Куманово.

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ - Вечна им слава на бранителите!“, напиша Димитриевски на својот официјален фејсбук профил.


Инаку, пред точно осум години во вооружена престрелка во кумановската населба „Диво насеље“ загинаа 8 припадници на полициските сили.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Слично

Поврзани вести