Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДО БОЖИЌ, ПОЛА СКОПЈЕ ЌЕ НЕМА ВОЗАЧКИ: Лавина реакции за стартот на Сејф сити

ДО БОЖИЌ, ПОЛА СКОПЈЕ ЌЕ НЕМА ВОЗАЧКИ: Лавина реакции за стартот на Сејф сити

По првите часови од тест-периодот на системот „Безбеден град“ (Safe City), кој регистрираше повеќе од 65.000 сообраќајни прекршоци, реакциите не изостанаа. Меѓу првите што јавно се огласија беа поранешните пратеници Рубин Земун и Маја Морачанин, кои упатија критики до Министерството за внатрешни работи.

Земун откри дека добил три електронски опомени за пречекорување на брзината — со 51, 54 и 56 километри на час. Според него, овие казни се претерани и резултат на нефункционален систем за регулирање на сообраќајот. „Време е МВР да размисли и за граѓаните. Да направи зелен бран на Партизанска, за да може со 40 км/час да се поминат барем неколку раскрсници. Сега од еден до друг крај на Сити Мол фаќаме само црвени светла“, напиша тој на социјалните мрежи.

Тој додаде дека голем дел од прекршоците се со минимални отстапувања од дозволената брзина и предупреди дека граѓаните би можеле масовно да бидат казнувани без реална причина.

На критиките се надоврза и експратеничката Маја Морачанин, која побара воведување на „зелен бран“ и за возилата и за пешаците, како што функционира во некои европски градови. Таа укажа дека на некои скопски раскрсници зелено светло за пешаци трае премалку, што ги тера граѓаните да преминуваат на црвено.

Реакциите следуваат по првиот ден од стартот на системот „Безбеден град“, кој регистрираше илјадници возачи што ја пречекориле брзината за само неколку километри над дозволеното.


Со реакција се огласи и д-р Ненад Лазаров.
„Ова со казниве со камери ако старува од 1ви Јануари, до Божиќ пола Скопје ќе нема возачки имајте у предвид јавен превоз да се спрема за навала.

Да не се разбереме погрешно, не гледам друг начин освен казни, не може да нормализираме секојдневни жртви во сообраќај“, напиша д-р Ненад Лазаров.



И докторот Нико Беќаровски со коментар.

„Се додека Ви стигнува казна од 20€ за возење со "фантастични" 52km/h каде што е дозволено 50km/h БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ЌЕ РАСТЕ, бидејќи сите возачи ќе гледаат во брзиномерот наместо на патот“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести