ДО 4 ЈУНИ БЕА НОРМАЛИЗИРАНИ: За четири дена во Дебар има два случаи на коронавирус
Деновиве во Дебар повторно се појавија лица инфицирани со коронавирусот.
За четири дена во овој град регистриран е втор случај на позитивен на Ковид -19, а претходно 48 дена немаше болни во градот.
„До 4 јуни Дебар беше зелена зона, затоа што немавме новозаразено лице со Ковид-19. По појавата на новиот случај, преземени се сите епидемилошки мерки за да се спречи понатамошното ширење на болеста“, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Дебар и Центар Жупа еден месец беа во карантин.
Овој регион беше првото жариште на коронавирус во земјава, откако повозрасни луѓе допатуваа во земјава од Италија.
Слично
