До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти
Државната изборна комисија објави дека до 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, додека на парламентарните 46,93 проценти.
Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци, каде излезеноста е 66,47 отсто, а најмала во Липково со само 6,48 проценти.
Најголема излезност на парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73 проценти, најмала во Маврово Ростуше е најмала со 22,32 отсто, кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Со тоа што веќе има над 40 отсто излезеност за претседателските избори се смета дека се остварени условите за избор на претседател во вториот круг.
Имено во вториот круг на претседателските избори постигната е излезност на гласачите од 42,32 проценти до 17 часот, објави Државната изборна комисија (ДИК). Ова значи дека е постигнат цензусот со оглед на тоа што до 17 часот гласале 452.412 гласачи.
Фото: Принтскрин/ МИА
Слично
