До 15.00 часот 35.000 гласачи помалку во однос на претходните избори
До 15.00 часот излезени се 35.000 гласачи помалку во однос на претходните парламентарни избори во декември 2016 година, според аналитичкиот центар на „Сител“.
Претходно ДИК објави дека до 15.00 часот по обработените податоци сумирано е дека се излезени 576.395 граѓани кои го дале својот глас.
Треба да се напомене дека претходните избори во 2016 беа одбележани со особено висока излезност во однос на досегашните со близу 67 проценти излезност.
Не треба да се заборави дека овие избори се одржуваат и во услови на епидемија на Ковид-19 и за време на високи летни температури, поради што гласањето е продолжено од стандардниот термин од 19.00 часот на 21.00 часот така што пониските температури се очекува да го зголемат интензитетот на гласање
Анализата вели дека до крајот на денот на овие избори конечната излезност ќе се движи од 52 до 53 отсто.
