Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 13 часот одзивот е 35.29% на избирачко место 2011 во Теарце

До 13 часот одзивот е 35.29% на избирачко место 2011 во Теарце

Државната изборна комисија(ДИК)  информира дека на избирачкото место 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 13 часот гласале 252 гласачи, или 35.29%.

Жителите на Теарце гласаат во просториите на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. 

Досега изборниот процес тече мирно. 

На гласачкото место се и набљудувачи од политички партии и  невладини организации, а забележително е и присуство на припадници на полицијата.

До 10 часот, според Државната изборна комисија (ДИК), на гласање излегле 76 од запишани 714 избирачи, или 10.64%.  Нови податоци од ДИК за одзивот ќе има во 17 часот.




Слично

Поврзани вести