Економија, финансии, бизнис

Контакт

До 13 часот излегле на гласање 34.83% од избирачите во земјава

До 13 часот излегле на гласање 34.83% од избирачите во земјава

До 13 часот излегле 34.83% од гласачите на ниво на Македонија. 

По изборни единици, во ИЕ 1 - 38.35%, ИЕ 2 - 33.71%, ИЕ 3 - 38.62%, и ИЕ 4 -39.09%, ИЕ 5 - 33.55% и ИЕ 6 -23.85% излезност. 

Од ДИК велат дека гласањето тече во мирна и фер атмосфера. 

Имаат примено 20 приговори во ДИК. Се работи за гласачи кои не биле запишани во избирачки список. Утврдено е дека овие граѓани биле со спорни записи, а не побарале да бидат запишани. 

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека немаат добиено никаква информација за нарушување на изборниот процес. 

Следната прес-конференција на ДИК е во 18 часот. 


Слично

Поврзани вести