ДО 11 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 160.000 ИЗБИРАЧИ: Излезноста е 14,18 проценти
Претседателот на
ДИК, Александар Даштевски на редовната прес конференција информираше дека
гласањето на вториот круг од локалните избори на сите избирачки места се одвива
нормално, освен со многу мали и незначителни технички проблеми кои веќе се
надминати.
Соопшти дека до 11 часот во земјава процентот на излезност е 14,18, односно од вкупниот број запишани избирачи, веќе правото на глас го оствариле 160.035.
Во некои општини, како што истакна Даштевски, регистрирана е поголема излезност, односно во Ранковце 38,2%, Вевчани 31,24%, Демир Капија 30,14%, Пехчево 28,44%, Конче 26,74%, Демир Хисар 25,19%, Битола 19,56... додека во во општините Сарај, Боговиње има најмала излезност, околу 6 проценти до 11 часот.
Слично
