Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДНК на 25-годишниот убиец се совпаѓа со трагите кај последната жртва во кумановско

ДНК на 25-годишниот убиец се совпаѓа со трагите кај последната жртва во кумановско

ДНК-профилот на 25-годишниот осомничен од селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, се совпаѓа со трагите пронајдени кај последната жртва, јавува Телма, повикувајќи се на извори од истрагата.

Во тек е сеопфатна истрага за серија тешки кривични дела во кумановско, по апсењето на осомничениот, кој во моментов се наоѓа во притвор. Официјално, институциите не откриваат дополнителни детали за резултатите од ДНК-анализите.

Според информациите објавени од Телма, истражните органи анализираат повеќе докази, меѓу кои и содржини од социјални мрежи. На профилот на осомничениот на платформата ТикТок, како што се наведува, имало објави со кои се потврдува дека станува збор за 25-годишник кој чувал овци и живеел во Драгоманце. На профилот биле објавени и видеа и фотографии од неговиот приватен живот.

Последната објава, според телевизијата, датира од 9 февруари, еден ден пред да биде пронајдена 78-годишната Мира С. од Старо Нагоричане. Од Основно јавно обвинителство Куманово претходно информираа дека временската рамка на смртта е утврдена меѓу 29 јануари и 10 февруари. 

Слично

Поврзани вести