Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневно во Македонија ќе се вакцинираат околу 4.000 луѓе

Дневно во Македонија ќе се вакцинираат околу 4.000 луѓе

Околу 4.000 луѓе  во просек дневно ќе се вакцинираат низ пунктовите во Maкедонија. 

Процесот на масовна вакцинација ќе започне во понеделник во А1 Арената Борис Трајковски, подготовките се во завршна фаза. 

„Апелирам граѓаните активно да се вклучат во процесот на вакцинација затоа што тоа е единствен начин да го победиме вирусот и да се вратиме на нашите нормални навики“, рече Филипче.

За едно деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 103 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.  Вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Oд Министерството за здравство информираа дека во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести