Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дневно по 4.000 барања за лични документи

Дневно по 4.000 барања за лични документи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека изминатиов период има зголемувања на барањата за лични документи на околу 4.000 апликации на ден.

– Издавањето на лични документи тече , ние имавме два пати прекин по неколку дена во кои се вршеше миграцијата на податоците за новиот систем .Од 1 јули започнавме да издаваме лични документи со новото уставно име кој е во согласност со Уставот и Законот за јазиците и секако дека во овој период имаме зголемени барања за издавање документи и тоа е секоја година кога доаѓа летото, но сега имаме енормно зголемен број на барања за издавања на документи.Во мај имавме околу 31 илјада, во јуни 42 илјади барања сега имаме просечно двено по 3000 телефонски барања и по 1000 барања преку интернет значи вкупно околу 4000 пријавување дневно, објави министерот.

Според статистиката за која информираше Спасовски, 65 илјади термино имало во мај, додека во јуни имало 66 илијади.Додаде дека службите работат со зголемно работно време и за време на викенди. 

Оние пасоши и документи кои биле побарани пред 1 јули се со името Р.Македонија и се веќе изговтеним односно граѓаните веќе ги подигнуваат, тврди Спасовски.


Слично

Поврзани вести