Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДКСК ЗА ХРИСТОВСКИ: Информациите за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, двете институции имаат различни функции

ДКСК ЗА ХРИСТОВСКИ: Информациите за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, двете институции имаат различни функции

Од Државната комисија за спречување на корупција(ДКСК), за јавните реакции во однос на улогата на ДКСК во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски велат дека  ДКСК постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции. 

Додаваат дека ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.

„Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи двете институции имаат различни функции и институционална поставеност. ДКСК исто така истакнува дека нејзиното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции од спроведување на надлежностите. Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи. Напротив, ДКСК ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должности во согласност со законските надлежности. ДКСК постапува во рамките на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи така систематичен и транспарентен пристап во проверките. Потребно е сите надлежни органи да ја почитуваат институционалната рамка и надлежностите на ДКСК, со што ќе се обезбеди ефективно и транспарентно завршување на процесите од интерес на јавноста. Довербата во институционалниот интегритет на системот за спречување на корупцијата и одговорноста се градат преку доследност во извршувањето на надлежностите на секој орган поединечно“, велат од реакцијата. 

Во јавноста имаше реакции околку сертификатот по англиски јазик на Христовски. Институциите ќе испитуваат дали тој е веродостоен. 

СДСМ  побара комисиска седница на која ќе биде поканет директорот на АНБ, Бојан Христовски за да одговори на наводите за лажен сертификат по англиски јазик од јазично студио JULIA Co. LTD од Пловдив Бугарија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе чека мислење од ДКСК за да одлучи дали ќе го задржи Бојан Христовски на чело на Агенцијата за национална безбедност.

Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ по пристигнување анонимна претставка до Комисијата во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Слично

Поврзани вести