Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДКСК: Владата спротивно на прописите го именувала в.д. директорот на Агенцијата за филм

ДКСК: Владата спротивно на прописите го именувала в.д. директорот на Агенцијата за филм

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) оцени дека назначувањето на Бојан Лазаревски за в.д. директорот на Агенцијата за филм на 15 декември 2020 година од страна на Владата е спротивно на прописите.

Контроверзно за ова лице, објасни Владимир Георгиев, член на ДКСК на денешната конференција, е дека во исто време тој е и член на Управниот совет на Агенцијата за филм.

Тој истакна дека оваа проценка е донесена во согласност со Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин дејствува превентивно и и порачува на Владата, уште на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од членството.



Слично

Поврзани вести