Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДКСК му се налути на Шилегов по поднесената пријава за противпожарните скали

ДКСК му се налути на Шилегов по поднесената пријава за противпожарните скали

Државната комисија за спречување на корупција му се налути на скопскиот градоначалник Петре Шилегов откако тој самоиницијативно против себе поднесе пријава до Антикорупциска за да испита дали противпожарната скала купена за 1,7 милиони евра навистина толку вреди. ОД ДКСК велат дека е неблагодарно да се поднесуваат такви пријави кога мотивот е собирање на политички поени.

Шилегов самоиницијативно до Државната комисија за спречување на корупција поднесе писмено барање да ја испита вредноста и начинот на јавната набавка од 1,7 милиони евра на противпожарната дигалка. Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини Шилегов дека купил противпожарна дигалка која е многу скапа и дека соучесник на операторот-набавувач од Будимпшета е фирма на зет на член на градската управа.

ДКСК потврди дека сега има отворен предмет за градоначалникот на Град Скопјеи по него ќе се работи како и со сите предмети, но е неблагодарно тој сам за себе да поднесува пријава со сомнежи за корупција, бидејќи тоа малку не соодвествува со одредбите во нашиот закон, рече Билјана Ивановска, претседателката на комисијата.

– ДКСК е независен државен орган и е неблагодарно да се вршат препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени, затоа што во пресрет на локалните избори не сакаме да се доведиме во ситуација преку нас да се книжат одредени политички поени, изјави првиот човек на ДКСК. 


Слично

Поврзани вести