ДКСК ќе има увид во имотот на функционерите во странство
Ќе биде потпишан меѓународен договор со кој ДКСК ќе има увид во имотот на функционерите во странство .
На предлог на Министерството за правда, на денешната седница е прифатена информацијата според која Северна Македонија ќе го потпише Меѓународниот Договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба.
Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери, вклучувајќи ги оние од правосудството, кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји.
Слично
