Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДКСК ќе го проверува имотот на Јанушев

ДКСК ќе го проверува имотот на Јанушев

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе ги разгледува и наводите поврзани со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, откако СДСМ побара истрага за неговата наводна поврзаност со бугарска компанија.

Од Антикорупциската комисија потврдуваат дека имотната состојба на Јанушев веќе е предмет на проверка од 2024 година.

Сепак, од ДКСК посочуваат дека располагаат со ограничени механизми за проверка на имот и сопственички структури во странство. Поради тоа, сè уште не е донесена одлука дали од Јанушев ќе биде побарана нотарски заверена изјава или ќе се користат други методи за проверка на податоците. Од Комисијата велат дека по завршувањето на постапката јавноста ќе биде информирана за утврдените факти и дали ќе има понатамошни чекори.

фото Фејсбук/Игор Јанушев

Слично

Поврзани вести