Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДКСК го прифати приговорот, Владата не смеела да исплаќа пари на лозари предизборно

ДКСК го прифати приговорот, Владата не смеела да исплаќа пари на лозари предизборно

Комисијата за спречување на корупцијата го прифати приговорот дека Владата не смеела предизборно да им исплаќа на лозари обештетивање од неисплатен откуп на грозје од страна на винарии во стечај.

77 милиони денари исплатени во текот на април е утврдено дека не се тековни исплати за лозарите кои не ги добиле средствата од две приватни винарии кои во меѓувреме заминаа во стечај - „Повардарие“ и „Стефани“. 

Откупот се случил пред пет години, а според програмата на Платежната агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој, краен рок на исплата на парите било 7 февруари пред распишпувањето на изборите.

- Во овој период не е извршена исплатата, туку во април кога е предизборниот перио, Нема докази кои ја оправдуваат неопходноста на исплкатата во април. Прекршувањето на изборниот законик ќе иницира превземање мерки на одговорност. Приговорот се усвојува, беше утврдено на денешната седница.

Приговорот за тоа што вчера беа исплатени 26.786 тутунари со субвенции од над 27 милиони евра, од добиената информација не е јасно дали е исплатена редовно или вонредно, но се става на дневен ред за истрага по сопствена иницијатива на Комисијата за антикорупција со оглед дека е изборен период.

Оваа транбсакција се изведе вчера, а на истата реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Слично

Поврзани вести