Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДКСК ги одби приговорите на СДСМ, биле неосновани

ДКСК ги одби приговорите на СДСМ, биле неосновани

Државната комисија за спречување на корупцијата, ги отфрли сите приговори од СДСМ за вработување и изградба на објекти за време на избори, членовите на комисијата ги одбија едногласно, во среда на јавна седница.

За нив беше кажано дека се неосновани. 

СДСМ имаше поднесено приговори кои се однесуваа на повеќе институции. Тие го обвинуваа Министерството за правда дека избира нотари, Македонска пошта дека вработува шалтерски работници, а дека вработува актери беше обвинет Театарот за деца и младинци.
Вработувањата тврдат од институциите се итни затоа што се испразниле работните места поради заминување во пензија,  смрт или престанување на работен однос по барање на работникот. 

Од овие институции објасниле дека Министерството за правда сé уште нема донесено решенија за избор на нотари, од Македонска пошта известиле дека има согласност од Министерство за финансии за вработувањата што ги бара и дека за тоа има обезбедено пари за тековната 2016 година. Од Театарот за деца и младинци известиле дека двајца актери не се примени на работа, бидејќи од медиумите дознале дека има приговор за тоа, а сепак има обезбедно финансии во тековната година.

СДСМ имаше приговор за поставување камен темелник за изградба на детска градинка во село Зерновци за време на избори против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Од ДКСК го одбија приговорот, затоа што од општината ги известиле дека почнати се градежни работи, но камен-темелник не е поставен.

Наталија Белчевска од Валандово имаше поднесено приговор за вработувања во Агенцијата за вработување, и тоа во нејзнината централа и во подрачните единици, за време на избори, но од Агенцијата кажале дека вработувањата се предвидени со Буџетот за 2016 година, а добиена е согласност и од Министерството за финансии.


Слично

Поврзани вести