Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

По повод за скандалот поврзан со претседателката на Државната комисија за спречување корупција, се огласи екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Денешните случувања со актуелната претседателка на ДКСК ме потсетија колку е точно кога велиме дека институциите се луѓето. Луѓето кои раководат и работат во нив.

ДКСК беше синоним за надеж, интегритет, светла точка и остров на интегритет.

Затоа, ако сакаме функционални институции, мора да туркаме напред личности со висок интегритет, способности, искуство и квалификации. Но, пред сѐ личности со висок интегритет.

Оти, како што мудро вели еден поранешен сенатор:

“Ако имаш интегритет ништо друго не е важно. Ако немаш интегритет ништо друго не е важно.”, напиша тој.



Слично

Поврзани вести